Кинеската компанија „Хуавеј“ веќе некое време ја развива услугата за електронско плаќање, наречена „Хуавеи Пеј“. Досега таа е ограничена само за кинеските потрошувачи и не беше достапна на други пазари.
Сепак анализата на фирмверот на „Хуавеј П20“ сугерира дека ова може да се промени со лансирање на новиот апарат.
Верзијата на ЕУ содржи апликација за плаќање, што укажува на тоа дека услугата ќе се активира многу брзо.
„Хуавеј“ веќе соопшти дека има намера да го прошири географскиот опсег на „Хуавеј Пеј“, а во јануари беше претставен во Русија, заедно со „ЈунионПеј“.
Од почетокот на услугата во 2016 година, „Хуавеј Пеј“ во Кина има направено плаќања од четири милијарди јуани (околу 635 милиони долари).