ПСЖ го претпочита Луис Енрике пред Анчелоти

од Vladimir Zorba
191 прегледи

Раководството на францускиот фудбалски гигант Пари Сен Жермен нема намера да го враќа Карло Анчелоти на кормилото на тимот, иако желбата на дел од играчите од составот, соопштува радио „Монте Карло“.

Управата на ПСЖ разгледува различни варијанти за нов тренер за следната сезона за заменик на Унаи Емери, кој сигурно го напушта тимот по крајот на оваа сезона.

Главен кандидат е друг Шпанец, Луис Енрике, за кого се залага големата ѕвезда на тимот Нејмар, но во листата се уште Маурисио Почетино од Тотенхем и Масимилиано Алегри од Јувентус.

58-годишниот Анчелоти го водеше ПСЖ за 18 месеци од декември 2011 година, но си замина откако го изведе тимот до титулата на Франција во мај 2013 година, за да го преземе Реал Мадрид.

Слични содржини