Во текот на вчерашниот ден пожар во куќа бил пројавен во Скопје, каде сопственикот се здобил со повреди, односно вдишал премногу чад, а истиот ден пожар избувнал и во зграда во Тетово, каде нам повредени.

Во средата околу 12.10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Панче Неделковски“ од засега непознати причини избувнал пожар во куќата сопственост на А.Ч.(29). Од пожарот бил опожарен прозорецот и креветот во дневната соба.
А.Ч. поради вдишан чад бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Пожарот бил локализиран од страна на екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Вчера пак, околу 16.40 часот во Полициската станица Тетово бил пријавен пожар во станбена зграда на улицата „Илинденска“ во Тетово. Пожарот најпрво избувнал во поткровниот дел на зградата и брзо се проширил.
Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица, пожарот бил ставен под контрола и целосно локализиран.
Нема повредени лица, а во текот на денешниот ден ќе се врши комплетен увид и ќе се утврдува причината за неговото избувнување, околностите и вкупната материјална штета.