Манчестер Јунајтед ќе има и женски тим

од Vladimir Zorba
240 прегледи

Манчестер Јунајтед поднел барање во англиската фудбалска асоцијација да создаде женски тим, објави клубот. Идејата е да се приклучи на второто ниво на Суперлигата.

Јунајтед долго беше критикуван дека за разлика од другите водечки клубови нема женски тим. Во елитната дивизија кај дамите се натпреваруваат Арсенал, Манчестер Сити, Челзи и Ливерпул.

„Радосни сме да објавиме дека клубот сe обидува да гo создаде својот прв професионален женски тим“, објави извршниот потпретседател Ед Вудворд.

„Тимот на Манчестер Јунајтед треба да биде изграден во ист вид и со истите принципи како машкиот тим“, додаде тој. Според него, целта е со женскиот тим да се дава пат за развој на фудбалерките од школата во рамките на клубот.

Женската лига во Англија беше основана во 2011 година Оттогаш двапати шампиони станувале Арсенал, Ливерпул и Челзи, а еднаш на врвот стапна и Манчестер Сити. Оваа сезона непоразениот Челзи е на чело со 27 поени и води со еден пред Сити. Во елитата има десет тимови.

Слични содржини