Почина малиот Давид Стојановски од Куманово, момчето кое собираше донации за операција Денеска малиот ангел Давид Стојановски ја загуби најважната битка. Замина меѓу ангелите, прерано и маченички, објави кратовскиот портал „Аберџија“.

Давид е 13 – годишно дете од Кратово кое имаше рак на колено. Со бројни донации од сите страни на светот, се собраа средства за итна операција на ногата и спасување на животот на детето што сакаше да биде фудбалер. Лекарите од болница во Виена ја ампутираа ногата на Давид и му вградија протеза за да може да се движи.
Карциномот се прошири и на белите дробови и малиот јунак не можеше да го победи./Независен