ВМРО-ДПМНЕ се противи на преиспитувањето на постоењето на Музејот на ВМРО

од desk2
79 прегледи

СДСМ во минатото, а и сега покажува дека не само што не се грижи за македонското културно наследство, традиција и историја, туку и дека е спремна со истите да тргува.


Формирањето на работна група за проценка за потребата од постоење на Музејот на македонската борба за државност и самостојност, Музеј на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација и Музеј на жртвите од комунистичкиот режим е погазување на илјадниците херои, кои без размислување ги дадоа своите животи за слободна и независна држава.

„Во Работната група, согласно нивните стручни компетенции, нема ниеден член кој е посебно стручен за проценка на историски музеј, кој третира содржина од 19 и 20 век“, стои во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ прашува според кој закон, правилник или други општи акти поврзани со дејноста од културата и заштита на културното наследство е формирана Работна група за преиспитување на општествената и стручна оправданост за постоењето на овој музеј.