Златан е неповторлив! Го објави доаѓањето во Лос Анџелес во стил (ФОТО)

од Vladimir Zorba
184 прегледи

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ во типичен стил најави дека ќе пристигне во Лос Анџелес Галакси.

Ексцентричниот 36-годишен напаѓач плати реклама на цела страница во најтиражниот весник во американскиот град – „Лос Анџелес Тајмс“, за да го објави својот трансфер.

Пораката од страната беше кратка и јасна: „Почитувани Лос Анџелес, нема на што“.

Златан Ибрахимовиќ вчера го објави заминувањето од Манчестер Јунајтед.

Ибра дојде кај „црвените ѓаволи“ во текот на летото на 2016-та на слободен трансфер од Пари Сен Жермен.

36-годишниот Швеѓанец забележа 29 гола во 53 натпревари во дресот на „црвените ѓаволи“, а последниот негов дуел беше на „Боксинг деј“ – ремито со Барнли (2: 2).

Слични содржини