Вангеловски: Денеска ќе биде објавена одлуките за притворите

од desk2
80 прегледи

Претседателот на Врховниот суд на РМ Јово Вангеловски денеска за МИА изјави дека очекува во текот на денов да биде објавена одлуката по жалбите за притворите на пратениците и другите осомничени за настаните во Собранието од 27 април минатата година.

– Одлуката ќе биде објавена веднаш штом се донесе, потврди Вангеловски. Прашан кога ќе се случи тоа, рече оти се надева да биде денеска.

Претседателот на Врховниот суд претпладнево учествува на настан во Академијата за судии и јавни обвинители на тема „Независно судство, јакнење на капацитетите за отпор кон влијанието“.