Манчестер Јунајтед вади 20 милиони фунти за дефанзивец на Селтик

од Vladimir Zorba
228 прегледи

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо планира да го привлече дефанзивецот на Селтик Киеран Тирни, јавува „Дејли Рекорд“.

20-годишниот шкотски репрезентативец ќе биде првиот нов додаток на одбраната на „црвените ѓаволи“, која се очекува да биде подложена на целосна промена во текот на летните месеци.

Тирни потпиша нов шестгодишен договор со Селтик во октомври, а Јунајтед ќе мора да собере околу 20 милиони фунти ако сакаат да го доведат на „Олд Трафорд“.

Оваа сезона, Тирни има 41 натпревар и 4 гола за Селтик на сите турнири.

Слични содржини