ПСЖ има за цел да се избори со конкуренцијата за левиот бек на Наполи, Фавзи Гулам вo текот на летото, тврдат медиумите во Франција.
Интересот за алжирскиот репрезентативец е голем и за него се заинтересирани и Манчестер Јунајтед и Ливерпул.
Тој имаше проблеми со две повреди на коленото во последните месеци, но оваа недела ги обнови тренинзите со тимот и наскоро ќе биде подготвен да се врати на теренот.
Клаузулата за ослободување му е 35 милиони евра, а оваа бројка не би претставувала проблем за ниту еден од гореспоменатите клубови.
Се верува дека ПСЖ може да го искористи Единсон Кавани како мамка за да го привлече, бидејќи Гулам се познава со него од неговиот престој во Неапол.
Алжирецот игра во Наполи ос 2014 година, а пред тоа беше дел од Ст. Етјен.