Новиот договор помеѓу Гатузо и Милан станува факт следниве денови

од Vladimir Zorba
250 прегледи

Раководството на Милан се согласи да го продолжи договорот на Џенаро Гатузо за уште три години, соопшти „Corrierre delo Sport“. Официјално ова треба да биде објавено во среда, 28-ми март.

Платата на 40-годишниот тренер за новиот договор ќе биде два милиони евра годишно плус бонуси.

Гатузо го презеде Милан во ноември минатата година, откако го замени Винченцо Монтела. Тој освои 13 победи во 23 натпревари во сезоната.

Во Серија А, Милан не изгубил во 10 натпревари, со што стигна на пет поени од зоната „Лига на Шампиони“.

За Италијанскиот куп пак го квалификуваше тимо во финалето, каде што ќе игра против Јувентус на 9-ти мај.

Слични содржини