На територија на Велес минатата година се регистрирани 476 кривични дела, информираат од СВР Велес.
Како што појасни Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, тоа е помалку за 141 кривично дело спореден со 2016, а кога биле регистрирани 619 кривични дела.
Во 2017 година до обвинителството биле поднесени 269 кривични пријави што е за 53 помалку споредено со 2016 кога биле поднесени 322. Воедно лани имало 328 регистрирани сторители во СВР, што е исто така, помалку споредено со 2016 година кога биле 407.
– Најголем дел од кривичните дела биле во областа на класичниот криминал 438, во економскиот криминал биле 21,а во организираниот криминал две,а во недозволена трговија 15,информира Додевски