Филмот „Елитен одред“ ќе се прикажува во МКЦ

од Vladimir Zorba
96 прегледи

„Елитен одред“  на бразилскиот режисер Хозе Падиља вечерва во 20 часот ќе биде прикажан во Џебното кино на МКЦ. Филмската проекција е дел од мартовската програма на дебатниот клуб „Лале“. Филмското сиже портретира настан од 1997 години кога во Рио Де Жанеиро треба да пристигне Папата, а воедно треба да се обезбеди сигурносен полициски систем за неговиот престој. Главните улоги ги играат Вагнер Моура и Андре Рамиро.

 

„Елитен одред“ се закити со „Златна мечка“ во Берлин.