Херојот Иско: Не ми веруваат во Мадрид

од Vladimir Zorba
260 прегледи

Херој за Шпанија од натпреварот со Аргентина синоќа – Иско, испрати јасна порака до тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан велејќи дека не ја чувствува довербата на тренерот.

Халфот се истакна со првиот хет-трик во кариерата при победата со 6:1, по што изрази сериозно незадоволство од тоа што не игра редовно за Кралскиот клуб.

„Во Мадрид не добивам доверба, што му е потребна на играчот. Дуелите со репрезентацијата ме враќаат во живот, бидејќи овде тренерот ми верува “, изјави Иско по натпреварот.

„Сакам да покажам дека сум добар играч и Лопетеги демонстрира доверба во мене со минутите кои ми ги дава. Можеби во Реал јас сум проблемот и не знам како да ја освојам довербата на Зидан“, додаде тој.

„Иако победивме убедливо, успехот не дојде лесно. Ривалот беше агресивен и имаше свои ситуации. Ова е дел од нашите подготовки за Светското првенство и оваа игра може да ни донесе многу“, рече Иско.

Тој беше само седмиот играч во историјата кој постигнал 3 гола против Аргентина. Пред него тоа го направија Хозе Пиендибене од Уругвај во 1919, Пеле (1963), Сафет Сушиќ (1979), Ривалдо (1999), Роналдо (2004) и боливиецот Хоакин Ботеро во 2009.

Слични содржини