Грин Глобал Травел објави податоци за најчудни животни на планетата Земја. Дел од нив се веќе на листата на исчезнување.

Жабата која има проѕирен абдомен остава силен впечаток кај научниците. Таа припаѓа на фамилијата Centrolenidae и има малa големина и жолто-зелена површина. Тоа што е специфично кај оваа жаба е нејзиниот стомак, каде може да се видат нејзините органи за дишење, срцето и ако е женка се гледаат нејзините оплодени јајца.

Желката со издолжен врат е уште едно специфично животно кое се нарекува желка жирафа. На оваа желка (најчесто се наоѓа во источна Австралија) вратот и наликува на змија, и е во должина на нејзиниот оклоп. Таа не ја вовлекува главата во нејзиниот штит туку ја наведнува до нејзината обвивка. Ако нешто и претставува закана таа испушта ужасно штетен мирис од мозочните жлезди, со што кај научниците го заработи прекарот „Смрдливка”.
Фотографии: Greenglobaltravel