Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ги собра своите играчи за „кризни разговори“ на тренинг теренот во базата. Португалецот сакал да ја расчисти ситуацијата по информациите кои циркулираат дека тој планира летна чистка во составот и деветмина се на список за брчање.
На состанокот денес се појавиле апсолутно сите играчи на „Црвените ѓаволи“, вклучувајќи ги и оние што се пред ослободување.
Мурињо и неговите помошници беа на петдневен одмор додека траеја натпреварите за националните тимови и играчите се вратија од своите меѓународни обврски вчера вечер.
Досега во медиумите не се откриени детали за разговорите на Специјалниот со неговите играчи. Секако, сепак, тој побара максимална концентрација од нив во останатите натпревари до крајот на сезоната, во која најважната цел е освојување на ФА Купот.