Редакцијата на „Бегамот“ ги отпечати првите два циклуси од проектот за кратка прозна фикција под насловот „Очудувања“. Веќе е објавен и новиот, трет циклус на конкурсот „Очудувања #3“.

„Чујте и почујте, се обајвува нова потерница по зборови-табиетлии! Потерницата се води под името „Очудувања #3“ и го задржува апелот на последната потерница од овој вид: сите совесни збороловци да се вклучат во потрагата. Правилата на потрагата остануваат исти: се бараат во доменот на кратката проза на македонски јазик.Уловот од првата и втората потерница е веќе документиран и достапен како книга! Последен рок за доставување на уловот за третава потерница: 10.06.2018“, стои во потрагата по нови писатели.