Девојката на ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо – Џорџна Родригез не сака да раѓа повеќе деца, според дадено интервју за магазинот XL Semanal.
Во ноември, таа му роди на Роналдо девојче кое го крсти Алана Мартина. Португалскиот репрезентативец има уште три деца, но тие се родени од сурогат мајки. Што се однесува до тоа како се гледа за 10 години, Џорџина реагира на следниов начин:
„Се гледам себе си како се грижам за четири деца кои веќе ќе бидат големи, не можам да замислам дека ќе имам повеќе деца“, рече таа.
33-годишниот Роналдо, малку на шега, малку сериозно, изјави во една прилика дека сака седум деца и толку многу „Златни топки“. Тој во моментов има пет индивидуални награди за најдобар фудбалер и е поблиску до постигнување на неговата цел.