Патници кои вчера допатувале со авион на Визер од Базел имале проблеми при слетување откако едниот мотор откажал во моменти на приземјување и подготовки за слетување на скопскиот аеродром.
Според патниците кои ја познавале процедурата на слетување, авионот морал да го прекине слетувањето и да сврти неколку круга над Скопје за да го изнивелира авионот за да може да слета само со едниот исправен мотор.
Сите патници безбедно слетале.
Засега нема официјални информации од аеродромот и компанијата.