245
Српскиот тренер Синиша Михајловиќ може да ја продолжи кариерата во Англија, пишуваат британските изданија. Според информациите, за него се заинтересирани најмалку две екипи од Премиер лигата.
Михајловиќ е без работа откако беше ослободен од Торино порано годинава.
Досега во неговата кариера, 49-годишниот специјалист ги водел екипите на Сампдорија, Фиорентина, Милан и Торино.
Евертон, Вест Бромвич и Стоук се меѓу клубовите, кои би можеле да го ангажираат по крајот на сезоната.