На трети април, во МНТ, ќе биде отворена изложбата „Моќта на актерот“. Поставката е по повод 73 годишнината од постоењето на Македонски народен театар.

На повеќе од 120 фотографии, велат од МНТ, се гледа трајниот печат што тие го оставија врз историјата на театарот.
Изложбата ќе биде отворена за јавноста во текот на месец април.