Продолжува серијалот на палење коли во Скопје. Викендов беше запален џипот на поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски. Полицијата сѐ уште истражува кој го запалил џипот.
Противпожарната служба брзо интервенирала и го изгаснала пожарот на паркингот пред трговскиот центар „Три Бисери“ во скопската населба Аеродром.
Тодоровски беше седум години директор на македонската полиција во време кога министерка беше Гордана Јанкуловска. Во мај 2013-та Тодоровски замина во пензија, а денес тој работи како доцент на Факултетот за безбедност.
Полицијата соопшти дека вчера биле запалени уште две паркирани возила. Бројот на подметнати пожари на возила е во пораст.
