Во МКЦ ќе изложува уметникот Филип Фидановски

од Vladimir Zorba
151 прегледи

Вечерва, во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје  ќе биде отворена самостојната изложба на Филип Фидановски, насловена „Причина“.

Делата за оваа изложба се направени во 2017 година, а дел годинава во повеќе различни техники, дигитален принт, фотографија, керамика, принт на платно. На изложбата ќе бидат прикажани 13 дела со различна димензија, дел се триптих, полиптих и комбинирани инсталации.

Филип Фидановски е роден во Скопје во 1977 година, а дипломирал во 2002 година на одделот за керамика и магистрира во 2006 година на Националната уметничка академија во Софија.