Охридското Езеро три сантиметри над критичната кота

од desk2
98 прегледи

Хидролошките прилики во Охридскиот регион и натаму неповолни. Врнежите од дожд во текот на викендот и јужниот ветар што предизвика топење на снегот придонесоа нивото на водата во Охридското Езеро да достигне 694,03 метри надморска височина, што е три сантиметри над критичната кота од 694 метри.

Очекувањата се дека ситуацијата полека ќе се подобрува со оглед на стабилизирањето на временските прилики, престанокот на дождот и временските прогнози кои предвидуваат период без нови врнежи.

Ова е вторпат последните десет години Охридското Езеро да бележи толку висок водостој.