Дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити призна дека има понуди од други клубови и на тој начин продолжува да ги држи каталонците под притисок дали ќе остане или не.
Французинот се претставува силно и Барса сака да го продолжи договорот со него, но засега не може да се дојде до разбирање, бидејќи фудбалерот сака плата која клубот ја смета за премногу висока.
„Вистината е дека имам предлози од различни тимови. Ова е прашање што не можам да го избегнам, но во оваа фаза не започнувам никакви разговори“, рече Умтити за Канал +.
„Токму сега имам важни дуели со Барселона и добро знам дека во овој свет сѐ се случува многу брзо. Сепак, јас сум горд и среќен што сум дел од овој клуб“, сепак тој ги смири навивачите на тимот.
„Навистина клаузулата за раскинување на договорот не ми е многу голема (60 милиони евра), но тоа е нешто што не ме возбудува. Јас се концентрирам на она што се случува на теренот, и токму натпреварите ме прават среќен. Остатокот ќе се среди“, рече уште Умтити.