Видал повторно тренира со Баерн, подготвен е за Лигата на шампионите

од Vladimir Zorba
227 прегледи

Артуро Видал, кој го пропушти натпреварот од 28-то коло на германското првенство против Борусија Дортмунд (6:0), ги обнови тренинзите со своите соиграчи од Баерн Минхен, соопштуваат од клубот.

Со баварскиот тим, исто така, тренира дефанзивецот Хуан Бернат. Двајцата играчи ќе бидат достапни за тренерот Јуп Хајнкес за натпреварот од Лигата на шампионите против Севиља.

Голманот Мануел Ноер и Кингсли Коман, сепак, се аут од групата.

Баерн гостува на Севиља утре во 20:45 часот, а реваншот на „Алијанц арената“ е на 11-ти април.

Слични содржини