Неуспехот на „Виндоус 10“ за мобилни телефони се должи на неискординирана платформа

од Vladimir Zorba
80 прегледи
Брендон Вотсон, поранешен директор на одделот за развој на „Виндоус“ за паметни телефони во „Мајкрософт“, раскажа за причините за неуспехот, а потоа и за исчезнувањето на оваа платформа од пазарот.
Откритијата беа објавени на Твитер страницата на менаџерот. Тој обрнува внимание на еден пост на корисник кој го дели ставот дека мобилната верзија на „Виндоус ОС“ доживеала неуспех, поради недостатокот на верзии на многу популарни апликации.
Вотсон не се согласува со слично тврдење. Тој смета дека причината не се апликациите, туку недостатокот на поддршка од оператори и производители. Односно, „Мајкрософт“ разви оперативен систем (на почетокот беше наречен „Виндоус Фон“, а потоа и „Виндоус 10 Мобајл“), а провајдерите ги пуштале уредите на принципот на „остаток“, т.е. најинтересните модели биле продавани со „Андроид“ додека тие од „втора класа“ – со „Виндоус“.
Операторите не покажале желба да продаваат модели базирани на „Виндоус“, трошејќи ги нивните буџети за маркетинг на ајФон и „Андроид“ паметните телефони.
Се разбира, меѓу коментарите има и други мислења. Многу луѓе не веруваат дека целата вина лежи на операторите и провајдерите. Причините за неуспехот на „Виндоус Фон“ треба да се бараат и кај „Мајкрософт“, која така и не успеа да понуди доволно удобна и добро смислена мобилна платформа, осбено во однос на своите конкуренти.
Потсетуваме дека во есента минатата година Џо Белфиоре, заменик претседател во „Мајкрософт“, кој управуваше се одделот за развој на оперативни системи, официјално соопшти дека „Виндоус Фон“ практично е „мртов“. Меѓу причините за неуспехот на платформата, тој самиот го посочи недостатокот на апликации.
„Мајкрософт“ го објави својот последен паметен телефон со „Виндоус 10“ пред околу две години. Партнерите на корпорацијата од Редмонд, веќе не нудат такви уреди./МИА