Јане Ченто, обвинет за насилствата во Собрание од 27 април, утрово бил спроведен повторно во затворот во Шутка, дознава Телевизија 24 од извори од истрагата.

Ченто веќе еднаш беше во Шутка, но по одлука на скопска Апелација Ченто на 21 февруари беше пуштен во домашен притвор и му беше одземен пасошот.
Се очекува Кривичниот суд да даде официјална информација за повторното приведување.
Според обвинението, на 27 април Ченто добил повик од Александар Василевски – Нинџа веднаш по повикот од Виена и заедно со обвинетите Игор Југ, Маден Додевски, Захарие Симовски, Михаил Младеновски и Дејан Давидовски го мобилизирале членството за да влезат во Собранието./24 Vesti