Утре ќе започне Танц Фест

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Програмата на Танц Фест во Годината на танцот 2018 ќе почне на 04 април во МНТ со пред отворање на музика на „Крафтверк“ и учество на деведесет деца од танцовите студија „Break The Floor“, настапот на прекрасната словенечка танчерка Росана Хрибар, во соло танцот „Орландина“ на Танцовиот театар од Љубљана, Словенија, во кореографија и режија на Рисима Рисимкин, и со претставата „Д.О.Л.“ на младата кореографка Адријана Данчевска.

„Адријана Данчевска е дел од новата генерација млади кореографи, кои се произведени во Македонија во Скопје танцовата академија, сега Катедра за танц при УГД. Мислам дека е исклучително талентирана и дека направи ново, атрактивно и предизвикувачко дело – кореографија која ги буди инстинктите и овозможува комплетно доживување. Навистина се чувствувам гордо што Скопје танцовиот театар го слави седмиот роденден со оваа кореографија, во која учествуваат квалитетни млади уметници и која ќе има свој понатамошен творечки пат, не само во Македонија, туку и надвор“, потенцира Рисима Рисимкин.