Ливерпул го победи Манчестер Сити со 3:0 во првиот ¼-финален натпревар од Лигата на Шампионите, кој се одигра на “Енфилд”.
Тоа беше прв од ваков вид дуел помеѓу двата тима во евротурнирите, а „црвените“ дефинитивно беа доста подобри од противникот во големи моменти од натпреварот и заслужено се на чекор од ½-финалната фаза.
Салах отвори во 12-тата минута, а во 21-та Окслеид-Чембрлен ја удвои предноста на домаќините.
Конечниот резултат го постави Мане, кој постигна гол во 31-та минута и целосно го „нокаутира“ противникот.
Пред овој меч, двете екипи имаа сериозни проблеми со фудбалерите – домаќините во одбраната, додека гостите – во нападот.
За Сити не играше Агуеро што беше голем проблем за тимот, а пак Јирген Клоп имаше на располагање само двајца централни дефанзивци.
Домаќините беа тешко погодени откако Салах беше повреден кратко време по паузата и беше принуден да биде заменет.
Барселона пак ја порази Рома со 4-1 во првиот натпревар меѓу двата тима, одигран на „Камп Ноу“.
Играчите на тренерот Ернесто Валверде на интересен начин дојда до удобно водство по два авто-гола, дело на Даниеле де Роси и Константинос Манолас.
По еден гол додадоа Џерард Пике и Луис Суарез, Един Џеко пак се запиша за гостите.
Реваншот на „Олимпико“ помеѓу двата тима ќе биде на 10-ти април (вторник).