Денеска во Кривичниот суд –преслушување на доказниот материјал за уривање на Космос заедно со обвинетите Никола Груевски и Миле Јанакиевски и градоначалникот Тони Трајановски.
Почнува слушањето на вкупно 26 нелегално прислушувани разговори, од кои 10 познати на јавноста, а 16 необјавени како дел од денешното рочиште за предметот „Т.Н.Т“. Дел од доказниот материјал се и СМС пораки меѓу обвинетите преку кои се договарале за уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.
За овој случај на Специјалното јавно обвинителство, обвинети се седум лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и екс градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски.
Како што е наведено во обвинението, тие во 2011 година од политичка омраза го урнале објектот на нивниот политички противник, Цаноски, кој е во коалиција со сега веќе владејачкото мнозинство. Според обвинителството на Катица Јанева, со уривањето е предизвикана штета од 16 милиони евра, а дополнително буџетот на општина Гази Баба е оштетен за дополнителни три милиони денари, а се тоа ќе оди на товар на државата и граќаните на Македонија кои ќе треба да ја исплатат штета.