Раководството на италијанскиот фудбалски шампион Јувентус подготвува голема чиста текот на летото, откако едвај десет играчи од сегашниот состав сигурно ќе останат во тимот и следната кампања, соопштува „Кориере дело Спорт“.
Клупските шефови се разочарани од домашниот пораз со 0:3 од Реал Мадрид во вторникот во првиот четвртфинален меч на Лигата на шампионите и имаат намера да направат сериозни кадровски промени.
Како сигурни за останување во Торино можат се се сметаат голманот Војчех Шчесни, дефанзивците Џорџо Киелини, Матиа Де Шилио, Меди Бенатиа и Андреа Барзали, халфовите Блеиз Матуиди, Миралем Пјаниќ и Даглас Коста и напаѓачите Федерико Бернардески и Гонзало Игуаин.
Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон става крај на својата кариера, а една од најголемите ѕвезди на тимот Паоло Дибала, кој доби црвен картон во натпреварот против Реал, ќе биде продаден.
Договорите на Штефан Лихтштајнер и Квадво Асамоа истекуваат и нема да бидат обновени, Бенедикт Хеведес ќе биде вратен на Шалке 04, каде беше земен под наем, а дел од водечките во моментов играчи, меѓу кои и Марио Манџукиќ, Сами Кедира, Алекс Сандро, Хуан Куадрадо и Клаудио Маркизио, ќе бидат ставени во трансфер листата и ќе бидат продадени под услов да добијат соодветни понуди.