Фидановски: Ова е и крик дека културата треба да ја остават настрана од политиката

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Отворена е изложбата „Причина“ на авторот Филип Фидановски во МКЦ. Ова е 14-та по ред самостојна изложба на Фидановски, што ќе биде отворена до 12 април.

„Фактички ова е и крик дека културата треба да ја остават настрана од политиката. Политиката којашто ја водат нашите политичари влијае врз целокупното општество и народот воопшто не е задоволен од сето тоа. Она што го собирав и слушав од луѓето се обидов да го направам во една изложба“, вели Фидановски за РСЕ.

Фотографија: Радио Слободна Европа