Твитер за две години отстрани милион профили кои промовираат тероризам

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Социјалната мрежа Твитер објави дека суспендирале  над  1 милион профили од 2015 година, а  само 274.460 помеѓу јули и декември 2017 година „за прекршувања поврзани со промоција на тероризам“.

Бројката бележи пад за 8,4 отсто од известувањето за претходниот период и е втор последователен пад, се вели во изјавата на Твитер.

„Продолжуваме да ги следиме позитивните, значајни ефекти од со години напорната работа, што доведе нашиот сајт да е непожелно место за оние кои сакаат да промовираат тероризам, што резултира ваквите активност се повеќе да се оддалечуват од Твитер“, се вели во соопштението на Твитер платформата за пораки, пренесе АФП.

Во известувањето за последниот шестмесечен период, Твитер соопшти дека 93 отсто од суспендираните профили биле „означени со интерни, сопствени алатки“ и дека 74 отсто биле прекинати уште пред првиот твит.