Баерн Минхен скромно ќе прослави ако ја освои титулата во Германија утре за претстојните важни натпревари во Лигата на шампионите, рече тренерот на тимот Јуп Хајнкес.
Баерн може да ја потврди рекордната шеста последователна титула при победа над Аугсбург утре.
„Ако станеме шампиони, ќе испиеме чаша шампањ, но само толку. Мораме да се концентрираме на претстојните натпревари до крајот на сезоната, а ние ќе се забавуваме кога сезоната ќе заврши“, рече Хајнкес.
На инсистирањето на тренерот, во екипата за мечот против Аугсбург ќе патуваат и повредените играчи како Мануел Нојер, Давид Алаба, Артуро Видал, за да можат да бидат присутни, ако тимот ја загарантира титулата.