Филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“ ќе го организира своето Пролетно издание на 20 и 21 април во Кинотеката на Македонија.

Пролетното издание е дел од четирите филмски настани што се планирани да се случат годинава во разни периоди, наречени „Четири годишни времиња“. На програмата ќе се најдат четири документарни филмови од домашна и странска продукција.