Премиерот Заев на Полноќна Велигденска литургија во Струмица

од Vladimir Zorba
155 прегледи

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев присуствуваше на Полноќната Велигденска литургија во храмот Свети Димитриј Мироточив и Свети Григориј Палама во Струмица.

– Најголеми пријатели на верата и на луѓето можат да бидат воздржувањето и одговорност. Навистина овие човекови вредности може да ги ослободат, да ги зајакнат и да го засилат душата и духот на овој голем празник. Нека е честит големиот Велигден. Христос Воскресе, изјави премиерот Заев.

Објавата за Христовото воскреснување тој ја пречека заедно со градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, пратеници во Собранието на Република Македонија, соработници и голем број граѓани.