Ким Јонг Ун го прекрши молкот за преговорите со Трамп

од desk2
85 прегледи

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун прв пат јавно проговори за можноста да се одржат преговори со САД, објавија државните медиуми.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец се согласи на преговори со Ким, но Пјонгјанг молчеше за можноста за евентуална средба, сѐ досега.

Ким рече дека има „можност“ за дијалог меѓу Северна Кореја и САД, на средба со високи партиски функционери на владејачката партија.

Деталите од средбата не беа објавени.

Трамп вчера рече дека планира да се сретне со Ким „во мај или почетокот на јуни“. Оваа изјава следеше по објавувањето на вест од анонимни извори од администрацијата на Трамп дека САД се во контакт со Северна Кореја и се во подготовки за преговори.

Неочекуваната вест во март дека можно е да се одржи средба меѓу претставници на двете земји изненади многу аналитичари кои нагласуваат дека средбите од ваков тип обично се планираат и преговараат со месеци.