Талент на Јунајтед навреден од Мурињо, се закани дека ќе го напушти тимот

од Vladimir Zorba
261 прегледи

Големиот талент на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд се заканува со трансфер ако Жозе Мурињо остане на функцијата следната сезона.

20-годишниот напаѓач одигра само 5 од последните 16 натпревари за Манчестер Јунајтед и само осум минути во дербито со Сити во саботата.
 
Зимскиот трансфер на Алексис Санчез во Јунајтед целосно го маргинализираше Рашфорд во битката за повеќе минути на теренот и се очекува негово заминување по Светското првенство во Русија.
 
„Маркус беше многу несреќен што остана на клупата во дербито, а ако Мурињо е тука следната сезона, Маркус можеби нема да остане, тој сака да биде стартер во секој натпревар“, изјави извор од кујната на Јунајтед.

Слични содржини