Русија бара Велика Британија да делува по волјата на Јулија Скрипал

од desk2
88 прегледи

 

Руската амбасада во Лондон побара од Велика Британија што поскоро да достави докази дека кон Јулија Скрипал се постапува во согласност со нејзината слободна волја.

Руската амбасада истовремено и честита на опоравување на Јулија Скрипал, која е пуштена од болница во Британија, каде со татко и беа префрлени на 4 март, откако двајцата беа отруени со нервен агенс.

„И честитаме на опоравувањето. Сепак, ни треба итен доказ дека она што с еправи, се прави по нејзина слободна волја“, наведува амбасадата во соопштението.

Директорката на болницата Кристин Бланшардпотврди дека Скриапл е пуштена од болница, но не прецизира, кога излегла, додека BBC денеска наведува дека тоа се случило доцна синоќа.

Таа напомена дека тоа не е крај на лечењето на Јулија Скрипал.

Директорката вели и дека Сејгеј Скрипал напредува и дека не е во критична состојба.

Според BBC, Јулија е пуштена од болница во понедленик навечер и дека е одведена на безбедна локација.

Лекарите во петокот соопштија дека Јулија и нејзиниот 66-годишен татко се чувствуваат многу подобро, а Јулија минатата недела рече дека и е се подобро и подобро.

РИА Новосто наведе дека Јулија побарала политички азил во Британија

Британија ја обвини Русија за организиран напад на Скрипал со воен нервен гас, додека Москва ги негира наводите.

Сергеј и Јулија Скрипал беа најдени во несвесна состојба на 4 март на клупа пред трговски центар во англискиот град Солзбери, по што со недели закрепнуваа и беа во критична состојба.