Масовно бегство од затвор во Бразил, загинаа 21

од desk2
85 прегледи

Во обид за масовно бегство од затвор на северот на Бразил загинаа најмалку 21 лице во размена на оган со полицијата.

Секретаријатот за јавна безбедност јави дека обидот за бегство бил поддржан од добро вооружена група од надовр, а и затворениците имале оружје.

Групата соучесници се обидела од надвор со експлозив да урне еден ѕид на затворот, по што избила вооружена пресметка со полицијата.

Меѓу жртвите 20 се затвореници или нивни поддржувачи од надвор и еден е чувар. Пет чувари се ранети, а еден од нив потешко.

Влатите во текот на ноќта извеле пребројување на затворениците да утврдат дали некој побегнал/

Во затворот е запленето оружје.

Во бразилските затвори често се случуваат немири и обиди за бегство, а земјата има 726.000 затвореници, што е најголема затворска популација.