Фолксваген ќе понуди акции во одделението за камиони и автобуси

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Германскиот производител на автомобили Фолксваген најави дека во првиот квартал на следната година ќе излезе на берзата со акции во своето одделение за производство на камиони и автобуси.

Се очекува парите собрани од продажбата на акциите да бидат искористени за натамошни инвестиции во производството на камиони, пред се во САД. Компанијата најавува дека акциите ќе бидат понудени под услов да се гарантира постојаноста на работните места во производството.