Економското цунами во Република Македонија продолжува, обвини денеска лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а смета дека ја задолжила Република Македонија и тоа не им го кажуваат на граѓаните.

„На веб страницата на Министерството за финансии многу лесно можете да прочитате дека државниот долг е еднаков на 38,7 проценти. Но, вистината е поинаква, бидејќи БДП во 2017 година не порасна, односно остана еднаков на нула, т.ес тој е ист како што беше во 2016 година, тогаш Министерството за финансии треба да го нивелира и податокот за државниот долг кој што сега наместо 38,7 проценти, изнесува 40,7 проценти.
За 200 милини евра граѓаните во Република Македонија се посиромашни во 2017 година споредено од тоа што биле во 2016 година“, рече Мицкоски.
Според него, вчера, претставници на Светска Банка во Република Македонија презентираа уште еден поразителен факт кој што е резултат на оваа цунами економска политика на владата во Република Македонија.