Македонската берза во првиот квартал од годинава бележи енормно зголемување на прометот од 325 насто. Од јануари до март кај класичното тргување остварен е промет од 18 милиони евра што е за 55 проценти повеќе од истиот период лани, пишува 24вести.

Прометот кај акциите е зголемен за 34 насто, а кај блок транскациите, дури 992 проценти. Вредноста на МБИ 10 индексот во првите три месеци од годинава бележи раст од 23 насто. 24Вести