Ферари извојуваа категорична победа во Кина откако ги освоија квалификациите со нов рекорд и ги откажаа од борбата фаворитите Мерцедес.
Себастијан Фетел беше феноменално брз и заслужено ја зграпчи пол-позицијата под носот на неговиот колега Кими Раиконен.
Возачите на Мерцедес ќе мора да се задоволат со старт од вториот ред, откако Валтери Ботас имаше подобро темпо од Луис Хамилтон.
Третиот најбрз тим беше Ред бул, но Даниел Рикардо ќе претрпи казна за промена на моторот.