Манчестер Јунајтед треба брзо да се опорави од поразот дома од последниот Вест Бромвич во Премиер лигата, изјави играчот за врска на „црвените ѓаволи“ Хуан Мата.
Поразот е прв за тимт на Мурињо дома после декември.
„Второто место се уште не е сигурно. Немаше да биде сигурно дури и при победа против ВБА. Знаеме дека треба да играме сериозни натпревари до самиот крај на првенството. Сезоната е многу долга и треба да бидеме фокусирани до последниот дуел. Сакаме да го зачуваме второто место и да одиме во финалето за Купот на Фудбалската асоцијација. Треба да се обидеме да победиме во ова натпреварување“, прокоментира Мата пред официјалниот сајт на „црвените ѓаволи“.
Јунајтед игра против Тотенхем во полуфиналето на ФА Купот на 21 април, а пред тоа ќе се сретне со Борнемут во дуел од шампионатот.