Раздвоена постапката за Јанкулоска во „Тенк“

од desk2
88 прегледи

Судот ја одвои постапката за екс министерката за внатрешни, Гордана Јанкулоска, за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра.

Таа денеска не дојде на закажаното рочиште за Тенк. Адвокатите доставија боледување за ризична бременост. Одбраната на поранешниот премиер, Никола Груевски и поранешниот помошник за внатрешни работи, Ѓоко Поповски беа против барањето за раздвојување на постапката бидејќи сметаат дека Јанкулоска е важна за нивната одбрана.

Во судот спроведен од затворот Шутка беше и поранешниот директор на СОЗР, Васе Доневски.