390
Хамес Родригез ќе може да игра за Баерн Минхен во полуфиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид, иако колумбискиот играч e позајмен на „Алијанц арената“ минатото лето токму од „кралскиот клуб“.
Правилата на УЕФА се цврсти во овој поглед и Баерн има целосно право да го користи Хамес во двате натпревари против Реал Мадрид.
Ова ќе биде четврто полуфинале во ЛШ во кариерата на Родригез.
Првиот натпревар помеѓу Баерн и Реал Мадрид е на „Алијанц арената“ на 25 април,
Реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ е на 1 мај.