Карик шокираше со признание зошто не сака да игра на Светското

од Vladimir Zorba
216 прегледи

Една од ѕвездите на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик направи шокантно признание зошто немал желба повеќе да игра за Англија и да учествува на светско првенство или голем фудбалски форум по 2010 година. 36-годишниот играч одамна најави дека по крајот на сезоната ќе стави крај на својата кариера. Сега Карик откри дека паднал во тешка депресија по СП 2010 во ЈАР, кога под водство на Италијанецот Фабио Капело поранешниот англиски репрезентативец не зеде учество во ниту една од средбите на „трите лава“.

„Долго време бев во тимот и сакам да бидам искрен. За мене беше тешко да не можам да играм за Англија. Беше еден вид речиси депресивно. Тоа навистина ме доврши. Толку многу што по ЈАР стигнав до еден момент во кој си помислив: „Не можам повеќе да го правам ова“. Луѓето велат сигурно: „Прибери се и биди благодарен“. Ја разбирав мојата ситуација, но за мене беше толку тешка што не успеав да го направам тоа“, вели Мајкл Керик во интервју за „Би-Би-Си“.

Карик се чувствувал толку лошо дека повеќе не сакал да игра за Англија на голем турнир. „Бев на границата на … да, по некое време бев депресивен. Реков на ФА (Фудбалската асоцијација): „Ве молам, не ме земајте повеќе“, додава халфот, кој не беше во составот на „трите лава“ за Евро 2012 во Полска и Украина, СП 2014 во Бразил и Евро 2016 во Франција, а сега нема да е и во овој за светското првенство во Русија од 14 јуни до 15 јули.

Последниот натпревар на Карик во дресот на Англија беше во ноември 2015 година во контролната против Англија (0:2). Тој има 34 средби во дресот на „трите лава“, а за Манчестер Јунајтед запишал до сега 463 официјални натпревари. Од следната сезона тој влегува во тренерскиот штаб на менаџерот Жозе Мурињо.

Слични содржини