Ентони Дејвис и Дру Холидеј влегоа во историјата, а Њу Орлеанс стана првиот тим кој стигнал до вториот круг на плеј-офот во НБА.
Двајцата го израмнија рекордот за најмногу поени од дуо во елиминациски натпревар, откако нанижаа вкупно 88, а Пеликанс го победија Портланд со 131: 123, за да ја затворат серијата со 4-0.
„Веѓата“ забележа 47 поени, а бекот додаде 41, со што тие ги надминаа Џордан и Пипен и се израмнија со Џон Хавличек и Џо Џо Вајт, кој во 1973-та исто така, имаа вкупно 88 поени за Бостон.
Двајцата постигнаа 28 од последните 29 поени за Пеликанс кои беа сметани за аутсајдер во серијата, но играа одлична кошарка. Тимот не допушти ѕвездата на „пионирите“ Демијан Лилард да ја помине границата од 20 поени, а во 3 од натпреварите го ограничи под нив.
„Блејзерси“ се бореа и во последниот дел на неколку пати го стопија заостанувањето од 15 поени само на 2, но така и не успеаја да ги запрат ѕвездите на „пеликаните“.
Во следниот круг Њу Орлеанс најверојатно ќе игра со Голден Стејт, кој води со 3-0 против Сан Антонио.
Резултатите од НБА плејофот:
Мајами Хит – Филаделфија 76-ерс 102: 106
* Филаделфија води со 3:1 во серијата
Њу Орлеанс Пеликанс – Портланд Трејлблејзерс 131: 123
Њу Орлеанс ја освои серијата со 4: 0 во победи
Минесота Тимбервулвс – Хјустон Рокетс 121: 105
* Хјустон води со 2-1 во серијата
Јута Џез – Оклахома Сити 115: 102
* Јута води со 2: 1 во серијата.